еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Четири деца, меѓу кои и бебе, преживеаа во џунгла во Колумбија повеќе од пет недели

Четирите деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата по повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави вчера колумбискиот претседател Густаво Петро.

Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.

„Радост за целата земја! Четирите деца кои исчезнаа… беа изгубени… во колумбиската џунгла се појавија живи”, објави Петро на Твитер.

Малиот авион „Цесна 206“ превезувал седум лица со лет меѓу Аракуара, во државата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавиаре, град во државата Гуавијаре, но пријавил аларм за дефект на моторот во раните утрински часови на 1 мај.

Три возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинаа како последица на падот, а нивните тела беа пронајдени во авионот. Падот го преживеаја четирите деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе.

Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош.

Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.

Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловни сили.

МИА/фото/видео: Твитер/Министерство за одбрана на Колумбија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

64-годишна жена ѝ дала на измамничка 21.900 евра и 17.900 австралиски долари за да ѝ ги смени, бидејќи банкнотите немало да важат

Редакција

Работат и по 32 часа: Трите хероини од штипското Инфективно одделение

Редакција

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Редакција