еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Десетици јавни личности ја поддржаа националната кампања „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“

Десетици јавни личности од државава ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“

Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.

Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, професор д-р Никола Пановски, тренерот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски- Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид-19.

Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската комора, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата

Редакција

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Редакција

Петков откри дека со Ковачевски се согласиле ЕУ да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав, Димитров објаснува што значи тоа

Редакција