еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Видео) Дилемите остануваат: Како изгледаше акцијата на МВР во Диво насеље

Има ли снимени разговори за случајот Диво Насеље, кој е организатор на терористичката акција, дали некој однадвор или внатрешни играчи стојат зад крвавата престрелка меѓу терористите и полицијата пред точно четири години се само дел од прашањата кои се поставуваат во јавноста при сеќавањето на осумте полицајци кои загинаа во акцијата.

Во судирот меѓу терористичката група и полицијата што се случи на 9 и 10. мај 2015 година беа ранети 37 полицајци.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Според извештаите на МВР, терористичката група броела четириесетина членови. По борбите со полицијата се предале 28 терористи. Како водачи на групата се посочуваат Мухамед Красниќи – командант Малишева, Мирсад Ндрецај (командант Нато), Сами Укшини – командант Соколи и други.

Судската постапка за настаните во Диво Насеље почна во февруари 2016 година против 29 лица кои се товарат за сторени дела „терористичка организација” и „тероризам”.

Во ноември 2017 година Основен суд Скопје 1 ги изрече првостепените пресуди против обвинетите.

Осуммина обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните во кумановско Диво Насеље добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Пеколот на земјава е во Газа, бројот на убиени надмина 11 илјади

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска избира лидер на партијата, Мицкоски единствен кандидат

Редакција