еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео/фото) Фламингата кои беа во карантин во Зоолошка добија ново живеалиште, наскоро доаѓаат и пингвини

Егзотичните птици од видот фламинго во скопската Зоолошката градина добија ново живеалиште во кое инвестираше Град Скопје.

Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, езерце за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

Станува збор за живеалиште со внатрешен дел со површина од 40 квадратни метри и тераса со површина од 120 квадратни метри и е едно од најубавите живеалишта за фламинга во зоолошките градини во Југоисточна Европа.

Непосредно до него, се гради и новото живеалиште за пингвини.

“Очекуваме дека во текот на летниот период пред граѓаните ќе може да ги претставиме и пингвините“, изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

ОТВОРЕНО НОВОТО ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА ЕГЗОТИЧНИ ФЛАМИНГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

ОТВОРЕНО НОВОТО ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА ЕГЗОТИЧНИ ФЛАМИНГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКАГолемо е задоволството денеска и официјално на скопската јавност, на дечињата, на редовните посетители на Зоолошката градина, да го претставиме новото живеалиште што го изградивме за јатото фламинга. Фламингата се едни од најегзотичните птици и јас очекувам дека токму на ова место ќе имаме голем број на посетители. Станува збор за живеалиште со внатрешен дел со површина од 40 квадратни метри и тераса со површина од 120 квадратни метри и е едно од најубавите живеалишта за фламинга во зоолошките градини во Југоисточна Европа. Непосредно до него, се гради и новото живеалиште за пингвини. Очекуваме дека во текот на летниот период пред граѓаните ќе може да ги претставиме и пингвините.

Posted by Петре Шилегов on Четврток, 11 јуни 2020

Фото/видео: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молдавија на референдум изгласа пристапување во ЕУ, Русија и Унијата со меѓусебни обвинувања за резултатите

Редакција

(ФОТО) Во село Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и вакцинирани

Редакција

Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови

Редакција