еМагазин
Image default
Локално

(ВИДЕО+ФОТО) Гореше и во ресторанот „Рагуза“ во Скопје, пожарот изгаснат за кусо време

Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време доцна синоќа успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол“.

Нема повредени лица и е причинетата мала материјална штета.

Според извори од Противпожарната бригада на Град Скопје, во време на избувнивањето на пожарот во ресторанот имало свадба.

Во гаснењето на огнот учествуваа неколу противпожарни возила, меѓу кои и новото возило со скала од кое пожарникарите го гаснеа пожарот.

Поради пожарот улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ времено беше затворена за сообраќај.

МИА/еМагазинФото: Рагуза/Фејсбук/Пожарна Скопје/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Делчево бесплатно ќе се склучува брак

Редакција

Неколкумина лица повредени во сообраќајка во Сопиште

Редакција

Се истражува кој ги запали возилата на Тушеви во штипската населба Сењак

Редакција