еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Фрлена експлозивна направа на семејна продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Фејсбук соопшти дека утринава е фрлена експлозивна направа на продавница на неговото семејство.

„Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета.

Фала му на Бога нема човечки жртви, ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом.

Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!

Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи…“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за фрлената експлозивна направа на семејната пекара на Мисајловски

Од власта велат "можеме" , дека сме на "прав пат", и дека било " нормално", но на терен се е поинаку. Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!

Posted by Vlado Misajlovski on Недела, 21 јуни 2020

Фото/видео: Фејсбук/Мисајловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Лерин доби приговори за регистрацијата на Центарот за македонски јазик

Редакција

Градоначалникот на Кисела Вода притиска да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сака да остане дамка на тоа излетничко место

Редакција

Кои се новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје

Редакција