Палестинскиот Хамас вечерва соопшти дека истрелал повеќе од 130 ракети во правец на Тел Авив како одговор на израелскиот воздушен напад што уништи станбена зграда во Газа.
„Сега го исполнуваме ветувањето со голем ракетен напад врз Тел Авив и неговите предградија, со 130 ракети, како одговор на непријателските гаѓања врз станбени кули“, се вели во соопштението на вооруженото крило на Хамас.
Сирените за воздушен напад се активираа во Тел Авив и се слушнаа и неколку експлозии.
Во екот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, израелската авијација рано денеска ракетираше 13-катна зграда во Газа, која целосно се урна. Жителите на зградата беа предупредени за нападот и евакуирани еден час пред израелските ракетни напади.
ОН итно се ангажира на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и деца, настрадани во израелските воздушни напади врз Газа и ракетните напади на Хамас врз Израел, изјави денеска претставникот на ОН, Стефан Дижарик.
„Израелските сили за безбедност мора да бидат максимално воздржани и мора да го прилагодат степенот на употреба на сила. Ракетирањето и гранатирањето на Хамас во населените области во Израел се неприфатливи”, рече Дижарик.
Сите летови на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се прекинати поради ракетен напад од Појасот Газа.
🇮🇱🇵🇸 | URGENTE: Protestas en Lod, Israel: pic.twitter.com/4U4i2YQYCd
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) May 11, 2021
Видео/фото: Твитер/Alerta news24