еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Хаос и судири во Венецуела, загинаа најмалку четири лица, стотици повредени

Четири лица загинаа, а 24 се повредени на границата помеѓу Венецуела и Бразил, соопшти невладината организација „Казнен форум”.

– Тие беа застрелани, соопшти шефот на организацијата Алфредо Ромеро во видео порака објавена на Твитер.

Уште 285 лица се повредени во судирите на границата помеѓу Венецуела и Колумбија, соопштија властите во Богота.

Во исто време, камион со хуманитарна помош беше запален на границата меѓу Колумбија и Венецуела, изјави за новинарите портпаролот на опозицијата Гери Арелано.

– Луѓето се обидуваат да го спасат она што можат од камионот и да се погрижат за хуманитарната помош, која диктаторот (Николас) Мадуро наредил да ја запалат, рече Арелано.

Претходно, венецуелските војници го запреа обидот на четири хуманитарни камиони да го преминат мостот, кој ја поврзува Колумбија со Венецуела со користење солзавец на луѓето кои патуваа со конвојот.

Хуманитарниот брод под знамето на Порторико бил под закана од директен оган од Венецуела. Бродот не успеа да влезе во венецуелските територијални води поради заканата, објави ТВ Венецуела. Бродот чека во меѓународни води за понатамошни инструкции.

Мадуро ги прекинува дипломатските односи со Колумбија

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска објави дека Каракас ги суспендира дипломатските односи со Колумбија и најави протерување на некои колумбиски дипломати откако таа земја се обиде да им помогне на претставниците на опозицијата да испорача хуманитарна помош за Венецуела.

– Трпеливоста е исцрпена, не можам да толерирам што колумбиската територија се користи за напади врз Венецуела, поради што решив да ги прекинам сите политички и дипломатски односи со колумбиската фашистичка влада, рече Мадуро.

Тој рече дека амбасадорот и дипломатскиот персонал на Колумбија имаат 24 часа да ја напуштат Венецуела.

Официјална Богота реагираше веднаш и веќе почна со повлекување на своите дипломати од Венецуела.

– Од безбедносни причини, колумбиските дипломати ќе заминат за Колумбија што е можно поскоро, изјави министерот за надворешни работи Карлос Холмес Трухиљо во Кукута, на границата со Венецуела.

Тој, исто така, ја предупреди администрацијата на Мадуро дека ќе биде одговорна за каков било евентуален акт на агресија во наредните часови или денови против колумбиските дипломати кои во моментов се наоѓаат во Венецуела.

МИА/Видео/фото: AFP/VOA News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите се налутија за честитката за Св. Климент Охридски од руската Амбасада во Скопје

Редакција

Нови девет случаи на Ковид-19 од 1.973 тестирања

Редакција

Руските сили имаат за цел да го заземат источниот и јужниот дел на Украина, тврди Зеленски

Редакција