Како и во 2014 година, кога Стево Пендаровски прв пат беше кандидат за претседател на државата и во оваа изборна кампања, повторно се вклучи и неговата сопруга, Елизабета, заедно со нивниот син Огнен.
Таа во видео-обраќање вели дека Пендаровски е човек на кого може да смета, бескрајно посветен, чесен, храбар, секогаш тука за другите.
„Претседателот е само функција и нема да ја промени личноста. За него неуспех не е опција. Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Затоа знам дека со него сите ќе одиме напред“, вели таа.
Не постои подобро чувство од тоа некој да е постојано тука. Вие сте мојата најголема поддршка. Заедно чекориме низ животот и заедно одиме напред.
Posted by Stevo Pendarovski on Петок, 12 април 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко
Стево Пендаровски професионално: Од советник на Црвенковски и Трајковски до кандидат за претседател
Фото/видео: Фејсбук/Пендаровски