еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Иран се тресе: Бремена жена меѓу жртвите од земјотресот

Серија од три земјотреси, првиот со интензитет од шест степени според Рихтерова скала, синоќа го погодија западниот дел на Иран. Според иранската агенција Мехр, две лица загина, еден маж и една бремена жена, а повеќе од 241 се повредени.

Претходно беше соопштено дека загинало едно лице, а над 140 се повредени.

Американскиот геолошки институт соопшти дека другите два земјотреса биле со интензитет од 4,4 и 4,2 степена, а епицентарот се наоѓал во близина на градот Џаванруд во провинцијата Керманшах, со население од околу 621.000 жители, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Земјотресите биле почувствувани и во ирачкиот главен град Багдад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврозоната влезе во рецесија

Редакција

(Видео) Тажни сцени од Нов Зеланд: Се насукаа 145 делфини, сите угинаа

Редакција

Путин бил подготвен да бара „дипломатски решенија“ и покрај признавањето на независност на Луганск и Доњецк

Редакција