Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска е во посета на Србија.
Претпладнето беше пречекан од српскиот колега Александар Вучиќ пред Палатата Србија во Белград со највисоки државни и воени почести.
ВО ЖИВО | Официјална посета на Република Србија – церемонија на пречек од претседателот Александар Вучиќ #ПосетаСрбија
Posted by Stevo Pendarovski on Петок, 22 ноември 2019
„Пријателството со Србија во иднина очекувам да го градиме уште поинтензивно, бидејќи споделуваме заедничко минато и се стремиме кон иста цел – членство во ЕУ. За нашите стратешки цели денеска имав корисен разговор со претседателот на Србија, Вучиќ. Европската Унија не смее да го изостави Западен Балкан. Единствената гаранција за стабилност, сигурност и просперитет за регионот е членство во ЕУ“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил по денешната тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.
Во рамки на официјалната дводневна посета, Пендаровски ќе се сретне и српската премиерка Ана Брнабиќ, со претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ, како и со претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и стопанственици.
Фото/видео: Кабинет на претседателот