Реакциите по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово, не стивнуваат, а од друга страна домаќинот, тетовскиот градоначалник Билал Касами, не само што не се огради од знамето со карта на „Голема Албанија“, туку си направи и спот во кој што кадри од ова знаме се повторуваат повеќе пати.
Спотот е објавен на неговиот Фејсбук профил.
Владата и претседателот Стево Пендаровски реагираа на иконографијата на музичката манифестација на која се вееја албански знамиња, а македонското знаме никаде не беше истакнато, а ниту беше интонирана и македонската химна.
Реакции пристигнаа и од соседна Србија и Косово, од каде што беше истакнато дека со знамето на картата од „Голема Албанија“ се вршат територијални претензии кон повеќе земји од Балканот, и посетата на Курти ја оценија како „безобразлук“ и „скандал над скандалите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами, Меџити и Гаши не се оградија од знамето со карта на „Голема Албанија“ кое се вееше во Тетово
Фото/Видео: Фејсбук/Касами