еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кина во среде пандемија со Ковид-19 сака да му ја одземе автономијата на Хонг Конг

Националниот народен конгрес на Кина денеска го изгласа Законот за национална безбедност, според кој поткопувањето на авторитетот на Пекинг во полуавтономната територија Хонг Конг е злосторство.

За предлог законот гласаа 2.878 пратеници , еден се изјасни „против“, а шестмина се воздржаа од гласање.

Со предлог законот се криминлизира сецесијата, субверзијата, тероризмот и странското мешање во Хонг Конг. Исто така, Пекинг ќе има свои агенции за спроведување на законот во Хонг Конг, покрај градските агенции.

Предлог-законот ќе биде испратен на одобрување до Постојаниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

Поради предлог-законот вчера во Хонг Конг беа организирани протести, а полицијата употреби солзавец у уапси 360 демонстранти.

Додека денеска околу Законодавниот совет на Хонг Конг е распоредена полиција, а пратениците ќе дебатираат за предлог-законот, со кој се криминализира непочитувањето на кинеската државна химна.

Демонстрантите бараат независност од Кина со образложение дека „тоа сега е единствен излез“.

САД, Канада, Австралија и Велика Британија ја повикаа Кина да ги почитува меѓународните законски обврски за автономија на Хонг Конг

САД, Австралија, Канада и Велика Британија во заедничка изјава повикаа одлуката на Кина да ги наложи своите закони за национална безбедност врз Хонг Конг е во директна спротивност на меѓународните обврски и принципи законски спороведени во Кинеско-британската заедничка декларација од 1984 година гарантирана од ОН.

-Хонг Конг просперира како тврдина на слободата. Меѓународната заедница поседува значаен и долгорочен удел во просперитетот и стабилноста на Хонг Конг, се вели во денешната заедничка изјава.

Се додава дека директното наметнување безбедносни закони од стран на Пекинг, наместо преку институциите на Хонг Конг, според Членот 23 од Основниот Закон, ќе ги наруши слободите на народот во Хонг Конг и со тоа драматично ќе го поткопа неговиот систем и автономија, благодарејќи на кои Хонг Конг стана просперитетна автономија.

Сојузниците ја повикуваат Кина во време кога светот е соочен со пандемијата, да работи со властите на Хонг Конг на градење доверба и на меѓународна соработка со другите засегнато страни, а не да го прави спротивното.

САД, Канада, Австралија и Велика Британја повикуваат Пекинг да ги почитува постоечките обврски за автономија на Хонг Конг, според Кинеско-британската заедничка декларација гарантирана од ОН.

МИА/Видео: NowThis News/фото: AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МПЦ-ОА повикува на смирен протест и да не се потпаѓа на никакви провокации

Редакција

Водата во морето на првиот крак на Халкидики е чиста, незагадена и безбедна, велат локалните власти по укажувањето на туристи дека таа е заматена

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 35, дополнително пријавени две починати лица

Редакција