еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Кој е Борис Џонсон, новиот премиер на Велика Британија?

Поранешниот новинар и уредник Борис Џонсон денес и официјално ја презема премиерската фотеља во Владата на Велика Британија од Тереза Меј, откако неговите конзервативци му го доверија лидерското место во партијата.

Џонсон, кој има потекло од Турција е роден на 19 јуни 1964 година.

По дипломирањето на Оксфорд се вработил како советник за менаџмент, но ја напуштил работата по само една недела. Позната е нговата изјава од тој период дека: „не може да гледа во графиконот за пораст на профитот без да падне во несвест“.

Кариерата ја продолжува како новинар, а подоцна и уредник на магазинот „Спектатор“.

Во политичките води влегува како член на Конзервативната партија, бил нивни претставник во парламентот, градоначалник на Лондон од 2008 до 2016 година, кога е именуван за министер за надворешни работи на Велика Британија.

Џонсон, кој важи за контроверзен лик во британската и меѓународната политика доаѓа на премиерската позиција во многу чувствителен период за земјата со оглед на тоа што не се знае епилогот во однос на Брегзит.

Фото/Видео: Mintpressnews/Youtube/ Guardian news/BBC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мадона протестира за контролата на оружје со вознемирувачко видео за песната “God control”

Редакција

15.000 македонски граѓани викендов ќе се ревакцинаат во Белград и Ниш, најголем дел од нив со „АстраЗенека“

Редакција

Дисциплинска за полицаец, чија службена легитимација била злоупотребена од неговиот син, кривична за синот

Редакција