еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Ковачевски во Белград се распеа со Вучиќ и Милатовиќ

Српскиот претседател Александадр Вучиќ на Инстаграм објави видео на кое се гледа како на неформална вечера, синоќа, во Белград, во рамки на вториот Саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворениот Балкан“ е видно расположен, а друштво му прават македонскиот премиер Димитар Ковачевски и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатвовиќ.

Тие ја пеат песната од Харис Џиновиќ, „Дајте вина, хочу лом“, а Ковачевски текстот го чита од неговиот мобилен телефон, ама вели дека ја знаел песната.

Вкупно 74 винарии и производители на храна од Македонија се дел од 600. излагачи на вино и храна од 30 земји на Саемот, кој почна вчера во Белград, а ќе трае до недела, 19. ноември.

Од Србија на Саемот има 260 изложувачи, а од Албанија 21.

На Саемот се преставуваат винарии, дестилерии и гастрономски компании.

Излагачите презентираат вина во 6 хали, со 2 дополнителни хали за гастрономија, на повеќе од 44.000 квадратни метри изложбен простор.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија.

Фото: Влада/видео: Инстаграм/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тепачка“ за да се чуе утрешната пресуда за „Рекет”: Ќе биде објавена во Врховниот суд

Редакција

(Фото) По реакциите во јавноста: Сонцето останува, Македонија на Европското првенство ќе игра со старите дресови

Редакција

Од утре снег и северен ветер

Редакција