еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп добила 203 илјади евра државна помош, еден ден откако Ковачевски станал мандатар

Еден ден откако Димитар Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него Пиксел груп, добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра, изјави на прес-конференција пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Значи Ковачевски со мандат за премиер, а неговата Пиксел груп добива државна помош од огромни 203 илјади евра.

Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од владата и Фондот за иновации и технолошки развој кон Пиксел груп основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година.

А зошто тесна клика околу дезертерот Ковачевски ја нарекуваме соларен картел ќе објасниме во продолжение.

Имено покрај земените 2 милиони евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица, и со нивна помош се испумпани милиони народни пари.

Се наметнува сомнение дека преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во општина Гази Баба додека градоначалник на општина бил кадар на СДС.

Имено фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветлување, а заврши во Обвинителство, заради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски.

Со проектот за улично осветлување во Гази Баба, наплатени се бандери и сијалици кои воопшто не биле поставени, а сето тоа не би можело да биде случај без потпис од фирмата на кумот на Ковачевски.

Се наметнува основа за верување и прашањето: дали потписот на кумот на Ковачевски овозможил злоупотреба во постапка од над 11 милиони денари?

Со ова гледаме дека соларниот картел, покрај директна корист за себе, има индикации дека помогнал и при правење на низа други незаконити дејствија, со кои се испумпани милиони народни пари,“ изјави Лефков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со нови детали за аферата “Броило“, од партијата го поврзаа Ковачевски со фабрика во ТИРЗ Тетово

Која е компанијата КМГ ЕОЛ Квазар од аферата „Броило“ на ВМРО-ДПМНЕ

Која е Пиксел груп, која се спомнува во аферата „Броило“, која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ

Што велат од Пиксел груп за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може ли да Ве избркат од работа ако не сте вакциниран?

Редакција

Пронајдено возилото на семејството од Косово кое падна во Лепенец

Редакција

На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција