Германската канцеларка Ангела Меркел повторно некотролирано се тресеше за време на церемонијата за пречек на финскиот премиер Анти Рин и со тоа ги подгреа шпекулациите во јавноста дека нешто дефинитивно не е во ред со нејзиното здравје.
Таа се тресеше и пред неколку дена на церемонијата за именување нов министер за правда.
Германските медиумите тогаш објавија дека Меркел по половина час пристигнала во парламентот и изгледала добро.
Прв пат во ваква состојба Меркел беше фатена од камерите пред неколку недели при средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Што се случува со Меркел: Германската канцеларка повторно се тресеше
(ВИДЕО) Меркел силно се тресеше на дочекот на Зеленски, вели дека дехидрирала
Фото/Видео:RT/Youtube/The Sun