еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Набавката на Србија на кинески проектили, ја „вжешти“ атмосферата на Балканот

Во време на зеземање страни поради војната во Украина, и кога Србија е под голем притисок да застане на страната на ЕУ во однос на Русија, на белградскиот аеродром “Никола Тесла“ викендов слетаа шест транспортни авиони Y-20 на кинеското воздухопловство.

Кина соопшти дека станува збор за „редовна воена испорака“ на Србија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан изјави дека операцијата е дел од годишниот план за соработка на двете земји, дека не е насочена против трета страна и дека „нема никаква врска со моменталната ситуација“.

Американската агенција АП пак објави дека авионите биле наводно со ракетни системи земја-воздух HK-22, наменети за српската армија.

-Експертите сметаат дека испораката на оружје преку територијата на најмалку две земји-членки на НАТО, Турција и Бугарија, е демонстрација на растечкиот глобален досег на Кина, пишува АП.

Очекувано стигна реакција од Косово. Според тамошниот министер за одбрана, Арменд Мехај последното снабдување со оружје на Србија од Кина, а пред тоа и од Русија, претставува закана за мирот и стабилноста во Балканот, но и пошироко.

Фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовески бара построги казни од обвинителите за недозволено поседување и трговија со оружје

Редакција

(Фото) Во Теново пуштена во употреба фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата

Редакција

Граѓаните бесплатно и дигитално може да добијат извештај за кредитна изложеност

Редакција