еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јовески бара построги казни од обвинителите за недозволено поседување и трговија со оружје

Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон и не принудуваат како институции да се мобилизираме за што поефикасна контрола на оружјето и во нашата земја, смета јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој денеска упати порака до јавните обвинители да делуваат за зајакнување на казнената политика за недозволено држење оружје и муниција.

– Барам од сите јавни обвинители во државава, при постапувањето, да инсистираат на построги кривични санкции за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Заострувањето на казнената политика мора да се одразува во постапувањето најпрвин на основните јавни обвинителства, кои треба да внимаваат висината на санкцијата за вакви кривични дела да се движи во рамките на законски определниот распон без можност за алтернативна мерка.

Покрај ова, вишите јавни обвинителства, во случаите на определена блага санкција со првостепените пресуди, мора да се обидуваат преку постапките во втор степен да издејствуваат повисоки казни, стои во пораката на Јовески до јавните обвинители.

Ако се имаат предвид огромните штетни последици коишто можат да бидат предизвикани од недозволеното држење на оружје, вели Јовески, за сторителите на ваквите кривични дела не треба да има ублажување на санкциите.

– Оружјето е средство за извршување и на многу други кривични дела и неговата употреба надвор од законските рамки не смее да се толерира, порачува Јовески.

Трендот на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела, како што посочува, се забележува и во постапувањето во нашата земја. Тоа, како што вели, е нешто што загрижува и за што во најскоро време треба да бидат преземени конкретни превентивни активности од сите надлежни институции.

Јовески изразува подготвеност Јавното обвинителство активно да се вклучи со свој придонес во секоја евентуално иницирана јавна расправа со цел измена на законските одредби во таа насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По трагедиите во Србија ги прашавте ли децата како се

Потребно е и родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата, смета Спасовски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците, да се подигне свеста за децата со попреченост

Редакција

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, изјави Заев

Редакција

(Видео) Ни куршумите во воздух повеќе не ги плашат: Украинците продолжуваат со протест против Русите во окупираните делови

Редакција