Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози, напиша на својот Фејсбук профил, македонскиот оперски пејач Благој Нацоски.
„Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!
Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942“, напиша Нацоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?
(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот
Видео/фото: Фејсбук/Благој Нацоски