Стотина цивили вчера беа евакуирани од челичарницата Азовстал во разурнатиот украински град Мариупол, кој е под двомесечна руска опсада.
Наталија Усманова, поранешна работничка во фабриката, која со бројните цивили се засонална таму за медиумите изјави дека се плашела оти бункерот на челичарата нема да ги издржи руските бомби.
„Бев ужасно исплашена. Кога бункерот почна да се тресе, бев хистерична, мојот сопруг може да ви го потврди тоа. Бев толку исплашена дека бункерот ќе се урне”, вели таа, потенцирајќи дека немаат видено сонце со недели.
„Не можете да замислите низ што минавме, тој ужас. Живеев и работев таму цел живот, но она што го видовме е страшно”, вели Усманова.
Стотици цивили, меѓу кои и деца, заедно со украински војници, се уште се во бункерот на челичарата.
"Two months of darkness."
Evacuations are underway for people hiding beneath the Azovstal steel factory in Mariupol, Ukraine. One worker said that she had not seen sunlight in weeks. https://t.co/4FNMCBB91S pic.twitter.com/N1wyvwBfTG
— The New York Times (@nytimes) May 2, 2022
Фото/видео: Ројтерс/New York Times/ABC News/Azov