Традиционално, и овој Бадник, Здружението „Бадникови поворки“ со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува божикен спот како подарок за верниот народ.
„Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на Ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело.
Најголема благодарност упатуваме до Еписокопот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим, во текот на целиот процес на создавање на делото.
Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) „Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.
Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект.
Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.
Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња,“ велат од „Бадникови поворки“.
Фото: Инстаграм/Бигорски манастир