еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Новинар на Алсат М му даде леб и фискална сметка на премиерот, за му покаже дека нема намалување на цените

Новинарoт од телевизија Алсат М, Мефаил Исмаили на денешната прес-конференција во Владата, му даде леб и фискална сметка на премиерот Димитар Ковачевски за да му покаже дека основните производи не се поевтинети како што често се најавуваше периодов.

Исмаили му рече дека лебот го купил 10 минути пред да почне пресот и посочи дека цената на истиот леб пред три недели била 51-52 денари, а и денеска лебот чинел 51 денари.

Ковачевски го зеде лебот о и фискалната сметка од новинарот и му одговори дека и тој го купува истиот леб и дека знае колку е цената.

Фото: Исмаили/Фејсбук/видео: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тврдокорни“ неколку медиуми ги прогласија за непријатели на македонскиот народ

Редакција

Убава вест: 514 оздравени од Ковид-19

Редакција

Актерот Тони Михајловски обвинет за закани за убиство на новинарот Бранко Тричковски

Редакција