еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Објaвен трејлерот и музиката за филмот „Гласот на тишината“ на Илија Павлов

Објaвен е трејлерот и музиката за македонскиот филм „Гласот на тишината“/Rebirth: Voice of silence на Илија Павлов.

Станува збор за прв игран долгометражен филм на Павлов, за кој автор на музиката е полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.

Филмот имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.

Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други кина, за да може да биде достапен на поширока публика.

Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен „Емил, врти се“.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поголем фокус на наставата по забраната на мобилните телефони во училиштата во Општина Центар

Редакција

Макотекс лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција, очекуваат да се согласат и на одложена примена на уставните измени

Редакција