еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Обид за државен удар во Германија, уапсени 25 лица, меѓу кои и судијка, војници, поранешен пратеник…

Германскиот јавен обвинител, Петер Франк, денеска даде повеќе детали за 25-те осомничени, членови на „Граѓаните на Рајхот“, уапсени во рациите спроведени на национално ниво против екстремистичката група обвинета за планирање државен удар.

Уапсените се обвинети за поддршка или членство во терористичка организација, потврди тој.

„Според нашите сознанија, целта на здружението е да го елиминира постојниот државен поредок во Германија, основниот слободен демократски поредок, користејќи насилство и воени средства“, рече Франк.

Тој посочи дека поранешен пратеник во Бундестагот требало да го преземе ресорот правда во новата власт што осомничените сакале да ја формираат.

Меѓу осомничените е и судијката и поранешна пратеничка на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, Биргит Малсак-Винкеман.

„Уапсените се придржуваат до митови за заговор што се состојат од различни наративи, како Рајхсбиргер или КВАнон идеологијата“, рече Френк во Карлсруе.

Покрај „советот“ на групата за одлучување, групата очигледно имала и воено крило, кое според Франк требало да изгради нова германска армија.

Министерството за одбрана претходно соопшти дека меѓу осомничените има вкупно тројца војници, од кои еден активен припадник на Командата на специјалните сили на активна должност и уште двајца други неактивни припадници на Бундесверот.

Значително зголемување на „Граѓаните на Рајхот“ од 2021 година

Шефот на германската домашна разузнавачка служба, Томас Халденванг, денеска изјави дека екстремно десничарското движење „Граѓаните на Рајхот“, кое го негира постоењето на модерна германска држава, значително пораснало од минатата година и продолжува да претставува високо ниво на опасност.

Тој додаде дека групата која беше уапсена во рациите рано утринава е вистински пример за новата ситуација каде што цветаат идеологиите на „Граѓаните на Рајхот“, теориите на заговор и наративите на екстремната десница.

МИА/Видео: АП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши

Редакција

Германските компании во државата очекуваат забрзување и поедноставување на бирократските процедури

Редакција

Пријавени над 130 случаи на оштетени поради поплавите и пожарот во Тетово

Редакција