еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Осум жени убиени во салони за масажа во одделни инциденти во околината на Атланта 

Осум лица се убиени синоќа во три одделни инциденти со стрелање во салони за масажа во околината на Аталанта, Џорџија, јави Њујорк тајмс.

Четворица загинале во пукањето во попладневните часови во салонот „Азиска масажа на Јанг“, во Акворт, североисточно предградие на Атланта, јави полицијата во округот Чироки.

Осомноичениот бил фатен и полицијата истражува дали одделните напади во салоните се поврзани, бидејќи сличен напад со жртви се случил и на друга локација во округот.

Во салонот во Акворт полицијата нашла тела на три жени со рани од огнено оружје, откако одговорила на повик за разбојништво. Во спа комплес лоциран наспроти салонот,  полицијата нашла тело на уште една жена.

Агенциите јавуваат дека сите жртви се жени и изгледа дека имаат азиско потекло.

Истрагата во врска со пукотнициите и убиствата се уште е во тек.

МИА/Фото/видео: CBS News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 152 милиони лица

Редакција

Меџити и Коџаџику од ДУИ станаа независни пратеници

Редакција

Социјалните мрежи се „запалија„ за изјавата на Филипче дека промената на полот ќе биде на сметка на Фондот за здравство

Редакција