Претседателот на државата Стево Пендаровски и владината делегација денеска беа исвиркани од граѓани на влезот од црквата Св. Спас во Скопје, каде се наоѓа гробот на Гоце Делчев.
Запрашан во однос на свирежите, Пендаровски изјави дека тоа е нормално во едно демократска држава граѓаните слободно да изразуваат незадоволство.
– Реакцијата е логична, нормална во една демократија да ги затвораме луѓето затоа што изразуваат незадоволство или задоволство од кој било наш потег. За тоа се боревме да живееме во демократска држава, не во држава во која изречен збор или став во кој било медиум или на отворено.
Тамам работа. Ние сме тука, ние сме платени да трпиме секаква критика и невтемелена и втемелена од нашите граѓани и мене ми е драго што има и такви реакции меѓу другите, рече Пендаровски.
Видео: ТВ 21/Фото: Кабинет на претседателот