еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Полицаец фатен за врат при апсење на неколку лица пред пекарата „Силбо“ во Скопје

Министерството за внатешни работи соопшти дека се приведени двајца скопјани кои во неделата нападнаа полициски службеник за што, како што наведува, се споделува видео на социјалните мрежи и во јавноста беа пласирани конструкции и лаги.

Настанот се случил на 4 октомври 2020 околу 2.40 часот на ул. „Костурски херои“ пред пекара, а по целосно документирање на случајот, како што информира МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава против приведените напаѓачи.

– Настанот е објавен и во извадокот од дневниот билтен што секојдневно го објавува Министерството за внатрешни работи. Имено, двајца полициски службеници вршејќи мотопатролна дејност на оваа улица забележале лице кое не носело заштитна маска, а било и под дејство на алкохол и од него побарале лична карта со цел негово легитимирање.

Лицето рекло дека не носи лична карта и почнало агресивно да се однесува кон полициските службеници, по што дошле и други лица, а едно од нив физички нападнало полициски службеник, соопшти МВР.

Лицата веднаш биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Центар, каде им бил утврден идентитетот. Лицето што не носело маска и агресивно се однесувало е А.Т. (20) од Скопје, а лицето што физички нападнало полициски службеник е И.М. (22) исто така од Скопје. За целиот настан е изготвен соодветен службен материјал.

– Секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот. Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Оваа е видеото кое се појави на социјалните мрежи:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец се тепал на „Туристичка“ наместо да биде во изолација

Редакција

Законските измени за Бехтел и Енка се на штета на работникот и неуставни, порачаа од „Гласен Текстилец“

Редакција

(Видео) Зоран Милановиќ „хит“ на Балканот: Химна му пееше Јосипа Лисац, а тој заврши со стихови на ЕКВ

Редакција