еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(ВИДЕО) „Порше“ го претстави „Cayenne Coupe“: Брз и удобен спортски убавец

„Порше“ го претстави новиот модел Cayenne Coupe, кој има динамичен и спортски дизајн со главни нагласоци на поостри линии.

Два мотори со високи перформанси се достапни на пазарот. „Cayenne Coupé“ со шест цилиндричен турбо мотор до три литри кој пренесува 250 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm.

Спортскиот пакет Chrono, опремен во возилата со сериско производство, го достигнува стандардниот спринт од 0-100 км/ч за 6,0 секунди, оваа бројка паѓа на 5,9 секунди со опционалните спортски пакети. Највисоката брзина на возилото е 243 км/ч.

Најмоќниот Cayenne Turbo Coupé оди на стартната линија со четирилитарски V8 мотор со двојно турбо полнење, 404 kW (550 КС) и максимален вртежен момент од 770 Nm. Cayenne Turbo Coupé забрзува до 100 км/ч за 3,9 секунди и има максимална брзина од 286 км/ч.

Фото/Видео: Порше/Youtube/Porsche

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин Ви посакува среќна и успешна 2020 година!

Редакција

Марина Костова и Емин Аземи добитници на годинашната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”

Редакција

Изложба на уметникот Бојан Ковски, „Панта реи“ во Археолошкиот музеј

Редакција