Комисијата за европски прашања денеска продолжи со работа со потпретседателката Арта Биљали-Зендели, но повторно настана хаос.
Биљали-Зендели побара претставникот на Владата да се произнесе за амандаман, а пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање, но таа не дозволи.
Па пратениците од опозицијата најпрво започнаа да удираат со рацете на масите, а потоа пратеничката Дафина Стојаноска застана пред бирото на Биљали-Зендели, а по неа дојдоа и другите пратеници.
– Воопшто не ме исплашивте! Ако сакате дојдете сите овде, нека гледа народот, рече Биљали-Зендели, на што пратениците возвратија дека бараат процедурално обраќање.
Според информации на А1он.мк, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја обвинила Биљали Зендели дека цело време е на „хот-лајн“ и добива инструкции од страна.
Караница имало и помеѓу Биљали Зендели и Благица Ласоска.
Вчера, на истата оваа Комисија, претседателот Арбер Адеми, ги гаѓаше пратениците со шолја и шише. Тој денеска не беше присутен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеникот на ДУИ, Адеми се извини за инцидентот, ама смета дека не е виновен
Кој е Адеми од ДУИ кој гаѓаше пратеници со шолја и шише во Собранието
Видео: А1он.мк