еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Пресечен меѓународен транспорт на дрога вредна околу 500.000 евра, приведени три лица

На 30.03.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходна меѓународна меѓуинституционална размена на информации, а во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Специјална антитерористичка единица „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Штип и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пресекоа меѓународен транспорт на марихуана во количина од околу 150 килограми, од Република Косово преку територијата на Република Северна Македонија, со крајна дестинација – Република Турција, информираа од Министерството за внатрешни работи.

“Имено, во попладневните часови на 30.03.2022 на паркинг пред угостителски објект во Штип е забележано паркирано патничко возило „ауди А6“, со кумановски регистарски ознаки, а до возилото биле пријавените И.Д.(50), К.К.(39), двајцата од Подујево, Р.Косово и Б.Р.(34) од Куманово. И.Д. и К.К. се обиделе да избегаат, но биле фатени и сите тројца се лишени од слобода“, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

При извршен преглед на патничкото возило, биле пронајдени вкупно 92 полиетиленски пакувања со марихуана, спакувани дел во патни торби, дел во багажниот простор од возилото во делот за резервната гума и на задните седишта од возилото, а кај приведените лица се пронајдени и повеќе мобилни телефони, СИМ картички од мобилни оператори од Косово и Македонија и пари, кои се предадени на вештачење.

Вчера од страна на СВР Штип до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против четири лица (3 косовски и 1 наш државјанин), од кои тројцата се веќе приведени, а за едно лице, кое со товарно возило требало да ја преземе дрогата од Штип и да ја пренесе до Република Турција се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема прекин на штрајкот: Попладне можна средба на СОНК со Владата за конечена одлука дали децата од утре ќе почнат со училиште

Редакција

Денеска пресуда за „Талир 2“

Редакција

Заев: Дуел со Мицкоски во секое време, но претходно да каже дали го поддржува Преспанскиот договор

Редакција