Меѓу СДСМ и Коалицијата Можеме и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата Влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и државата, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на заедничка прес-конференција со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој најави дека договорот ќе биде презентиран пред главните органи на СДСМ и ДУИ и пред коалициските партнери, како и пред ДПА како иден владин партнер.
Заев соопшти дека тој ќе биде премиер на новата Влада во наредните четири години.
🔴[Во живо:] Изјава на претседателот на СДСМ Заев, по средба со претседателот на ДУИ, Ахмети
🔴[Во живо:] Изјава на претседателот на СДСМ Заев, по средба со претседателот на ДУИ, Ахмети
Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Вторник, 18 август 2020
Фото/Видео:Фејсбук/СДСМ