Фанови на Новак Ѓоковиќ протестираа пред хотелот во Мелбурн во кој е сместен првиот светски рекет, кој во понеделник ќе знае дали ќе биде депортиран од Австралија или ќе остане и ќе учествува на „Австралија Опен„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ е сместен во хотел за мигранти, а од неговото семејство се пожалија на лошите услови.
Истовремено со протестите за српскиот тенисер протестираат и активисти за човекови права, кои сакаат фокусот да го стават на мигрантите кои се сместени во хотелот.
Како што е познато на Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во Австралија, бидејќи не е вакциниран. Тој има медицинска белешка според која не треба да прими вакцина против Ковид-19.
Доколку не учествува на турнирот ќе загуби 2.000 бодови, ќе го загуби првото место на АТП листата и ќе падне на третата позиција.
Фото/видео: Ruptly