Земјотрес од 6,3 степени според Рихтеровата скала удри попладнево во Хрватска.
Драматични снимки има од Петриње каде што има бројни разрушени куќи и станбени објекти.
Градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена во Петриње, пренесуваат хрватските медиуми.
„Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се спасени од другата градинка. Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините“, изјави Думовиќ.
Видео: Youtube/faris garib/Petar/profile first
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.