еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Со „Ладна“ детските соништа се исполнуваат: Катја нѝ покажа дека треба да веруваш и сакаш

Цртањето за децата претставува една од омилените активности која тие најчесто ја прават со задоволство. И тоа не е случајно, во таквите моменти тие ја одврзуваат нивната толку богата фантазија и ваквата активност ги разонодува и релаксира.

Децата исто така сакаат да бидат пофалени за сработеното и соодветно наградени…па кога сме на тема деца, цртање и награди вреди да го споменеме најпознатиот детски ликовен конкурс на „Ладна“ кој трае до 08.05.2019. Па ако имате проблем да ги мотивирате вашите најмалечки да се фатат за боичките ова може да биде одличен мотив! Темата на овогодинешниот ликовен конкурс е „Мојот замислен цртан лик“.

Веќе петта година по ред Ладна го организира овој конкурс чие финале резултира со избирање на два најдобри цртежи (во две различни возрасни категории) и испраќање на дечињата и нивните семејства во Дизниленд во Париз! Па кој не би посакал ваква награда и едно вакво семејно патување!

Семејството Календар благодарение на цртежот на Катја ( 9 години) лани отпатува во Дизниленд, Париз.  Нивните впечатоци и после една година се свежи и несовладливи пред времето и со огромно задоволство ги споделија со нас најубавите моменти од ова магично и незаборавно патување.

„Катја црта отсекогаш, т.е Катја сака да измислува, сака да создава работи. Таа верува дека преку   нејзините цртежи може да направи сè, да ги пренесе своите импресии од тоа што го гледа, да нацрта нешто од нејзините сончиња или пак да нацрта по нешто од замислената земја „Катјолендија“, ни раскажува татко и Игор.

Се сеќавам на смелата изјава на Катја на семејниот ручек дека сака да нацрта цртеж за ликовниот конкурс на Ладна за да оди во Дизниленд. Па така, едно саботно утро Катја доби нови пастелни боички како награда за победата во трката во пливање со брат ѝ Горјан. Силно верувам дека Катја ја отклучи магијата која беше скриена во боичките и за момент нацрта куче за загревање, а веднаш потоа го нацрта и наградениот цртеж.

„Откако Катја ја доби наградата, сите дечиња околу неа и честитаа за успехот. Беше среќна, но и истовремено срамежлива и скромна, во продолжение ни раскажуваат родителите на Катја.

На нашето љубопитно прашање за да ни ги издвојат најубавите впечатоци од патувањето семејството Календар ќе кажат: „Ех да знаете колку е тешко да се одбере што да се истакне од такво патување…. Нема да ја заборавам насмевката на Катја и Горјан при полетувањето.

Сонот почна да се остварува. За Горјан и Катја тоа беше прво патување со авион, прво возење со супер брз воз, посета на голема светска метропола. Беше „WOW“ како голема палачинка со крем :). А, за паркот Дизниленд немам зборови со кои можам да опишам на кое ниво е изграден и создаден да запловите неколку дена во некој друг сосема поинаков свет. Брзите ролер-костери, а посебно кулата на стравот се сè уште присутни во нашите разговори како сеќавање на едно фантастично патување“

Покрај посетата на Дизниленд нивните впечатоци од ова патување го надополнуваат и прошетките низ Париз и посетата на Ајфелова кула и Мон Мартр. Катја на Мон Мартр запозна една девојка која работеше таму и кога ја чу приказната на Катја и нејзината силна желба да црта и да твори и подари портрет. Денеска тој ја краси собата на Катја и ја присетува за Дизни Лето 2018.“,

„И да, Катја ни покажа дека треба да веруваш и сакаш, а Ладна ни потврди дека сè уште се цени и наградува трудот. Остварувањето на ваквата голема желба на Катја нејзините родители сметаат дека ќе остави силно влијание врз неа.

Веруваме дека оваа, приказна ќе биде доволен поттик и за вас да ги мотивирате вашите најмали да се приклучат кон овој навистина вреден конкурс на „Ладна“. За повеќе инфомрации во врска со учеството погледнете го видеото:

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од викендов во Ист Гејт Мол: Оствари ги своите желби со НЛБ кредит на лице место, дигитално и целосно без хартија

Редакција

(Галерија) Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Редакција

Преку присуство на саеми Витаминка ја продолжува потрагата по нови пазари

Редакција