Директорот на црногорската полиција Зоран Брѓанин во обраќањето до јавноста истакна дека убиецот на 11 лица бил Вук Бориловиќ (34) и тој пукал во членови на семејството кое престојувало како станари во неговата куќа на Цетиње.
„Со ловечка пушка им ги одзел животите на две деца од кои едното на осум, а другото на 11 години, а потоа ја ранил нивната мајка која почина во болница.
Притоа излегол надвор и со истата пушка застрелал жители на населбата Медовина при што убил седум, а ранил шест, “ истакна во видео пораката Брѓанин.
Од ранетите некои се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи.
Граѓаните од населбата повикале полиција, при што еден од полицајците е тешко ранет. Во престрелката Бориловиќ е убиен од полицијата.
Според пишувањата на црногорските медиуми, тој се лечел во психијатриска установа.
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ истакна дека се случи трагедија каква што Црна Гора не памети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Абазовиќ за масакрот во Цетиње: „Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети“