Не стивнуваат пожарите во Сибир во кои изгореа илјадници хектари шума и десетици илјади диви животни. Станува збор за пожари на локации кои се простираат на огромна површина, што ја прави борбата на пожарникарите и на доброволците невозможна.
Рускиот претседател Владимир Путин уште пред неколку дена нареди на руската армија да помогне во борбата против шумските пожари кои горат ширум Сибир и зафатија област со големина на Белгија.
Русија во четири региони прогласи вонредна состојба. Станува збор за регионите Иркутск и Краснодар, два реони на Бурјатија и еден во Јакутија, јавија руските медиуми.
Вкупната површина на пожарите изнесува околу 2,7 милиони хектари.
„Поради климатските промени, гледаме многу поголема зачестеност на екстремни временски појави“, изјави Оксана Тарасова, шефица на Одделот за истражување на атмосферата и заштита на животната средина при Светската метеоролошка организација во Женева.
Според неа, се почесто се регистрираат подолги периоди без дожд и со повисоки температури кои создаваат идеални услови за такви пожари.
Фото/Видео: tut.bu/France24/RT/CBS News