Вчера во Белград по третпат со организираше протестот „Србија против насилството“, кој според организаторите бил најмасовниот во Србија во последните години.
…ovaj grad je nekad
bacao svetla daleko
ovaj grad je mogao bolje
Mi smo dozvolili
da stvari odu predaleko
ova je borba bila ispod casti
protiv razuma
U proslim danima
osvojili smo ponos
u proslim danima
izgubili smo
sve, sve, sve
Dolazi dan, dolazi dan…. https://t.co/FhCbNIZicI— РОМА (@Roma92377181) May 19, 2023
Hitna pomoć nije morala ni da uspori, narod se pomerio da ih propusti.
Fino, kulturno, vaspitano. ♥️ pic.twitter.com/df15AuxPks— Mamasaurus 🦕 (@anamamasaurus) May 19, 2023
Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на бебзбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.
I slika i ton pic.twitter.com/lqm35DJaxy
— Ksenija (@XeniaKsenija21) May 19, 2023
Како што пренесе дописникот на МИА од Белград, во исто време кога почнал протестот во Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на митингот „Србија сонува и соништата и ги остварува“ во Панчево изјавил дека разговарал со луѓе „од службите“, од кои дознал дека „сестринските служби од исток“ предупредиле дека, кога станува збор за протестот „Србија против насилството“, организирани од дел од опозицијата, дека е можно да се работи за т.н обоени револуции“.
-Ова се одвратни обиди за злоупотреба на тагата. Како претседател на Републиката, ви велам, на Србија и е доста од вашите револуции, доаѓање на луѓе под странско влијание и уништување на се што е српско, на нашите витални национални интереси, рекол Вучиќ.
Фото: МИА