еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Висат парчиња бетон од надвозникот во скопско Визбегово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

-Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните.

Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112, се наведува во соопштението од ЦУК.

Фото/видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата македонска компанија за правење тортилји „Бејкинг фектори“, долгорочно ќе донира производи на Црвен Крст

Редакција

Пандемијата е далеку од завршена, богатите да ги споделат вакцините со сиромашните, велат од Светска здравствена организација

Редакција

(Фото) Мелани Трајковска ја доби титулата Кралица на модата на изборот Queen Eurasia 2023

Редакција