еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Бар поставена спомен-плоча со македонската принцеза Косара, ќерка на цар Самоил и црногорскиот кнез Владимир

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство, информираа од неговиот Кабинет.

Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Македонија.

Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.

Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот.

Плочата е поставена на плоштадот „Владимир и Косара“ кој е во фаза на реконструкција и наскоро треба да биде завршен.

Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Бортас“ со одлични поволности на годинешниот Саем за градежништво

Редакција

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

Редакција

„Насир Туризам“ го доби тендерот за општина Гостивар за превоз на ученици вреден 44 милиони денари

Редакција