еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) „Србите за Русите“: Во Белград протест за подршка на Путин

Во Белград вчера се одржа митинг за поддршка на Русија, јави допсиникот на МИА од Белград.

Со знамињата на Русија, Белорусија, Србија, Новорусија, како и знамето со ликот на Ратко Младиќ, околу илјада граѓани се собраа на паркингот во близина на белградскиот Сава центар пред планираното протестно возење за поддршка на Русија и рускиот народ во војната со Украина.

Авто-поворката „Србите за Русите“ тргна од Сава центарот и помина низ централните градски улици. На повеќето автомобили беше нацртана буквата „Z“, како на руските борбени возила во Украина, а митингот заврши кај Руската амбасада во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Буквата „Z“ е „новата свастика“: Руска пропаганда за „победа“

Во поканата за протестот на социјалните мрежи не беше објавено кој е организатор на протестот, но собирот го поддржа екстремно десничарската организација Народна патрола.

Првиот собир на „Србите за Русите“ се одржа на 4 март во Белград, кога неколку илјади луѓе пешачеа од споменикот на рускиот цар Николај Романов во центарот на градот, до Руската амбасада.

На протестот, меѓу другите, говореа Дамјан Кнежевиќ, претставник на екстремно десничарската организација Народна патрола и Младен Обрадовиќ, претставник на клерофашистичката организација Образ.

Меѓу другото, Кнежевиќ кажа дека „русофобијата во Србија е статистичка грешка“.

Досега во Белград се одржани два собири за поддршка на украинскиот народ и против војната, но на нив имаше помалку луѓе од митингот за поддршка на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмалку две лица загинаа во гранатирање на станбена зграда во Киев

(Видео) Русите киднапираа двајца украински градоначалници, локалните жители протестираат

МИА/Фото: РТ/Видео: N1/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Запознајте ја Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, новата прва дама

Редакција

Грција бара помош од Европа, во справувањето со недостатокот на лекови

Редакција

(Видео) Голем јубилеј на Клиника „Жан Митрев“: „Дваесет години воведуваме повисоки стандарди во македонското здравство“

Редакција