еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Војната станува се поопасна: По руско гранатирање изби пожар во најголемата нуклеарка во Украина

Како резултат на гранатирање на руската војска, синоќа изби пожар во најголемата нуклеарка во Украина, Запорожскаја, тврдат украинските власти.

Пожарот беше локализиран во раните утрински часови, а портпаролот на нуклеарната електрана, Андриј Туз, за ​​украинската телевизија изјави дека гранати паднале директно врз нуклеарката и запалиле еден од шесте реактори на централата.

-Тој реактор се реновира и не е во функција, но внатре има нуклеарно гориво, рече тој, пренесуваат светските агенции.

Според последните информации поради пожарот нема зголемено ниво на радијација, а потврдено е и дека нема жртви.

Територијата околу централата е под контрола на руските трупи од понеделникот, кога Москва ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија дека „вработените на централата продолжуваат да работат на нуклеарната безбедност и да ја надгледуваат радијацијата во нормални услови за работење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светските лидери да се разбудат и да спречат Европа да умре од нуклеарна катастрофа, вели Зеленски по гранатирањето на нуклеарката во Украина

(Вознемирувачко видео) Најмалку 33 лица загинаа во во руски напад врз две училишта и станбени згради во Чернигов

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

Фото/видео: CBS New York

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка вработува пет лица, плата до 42.505 денари

Редакција

Вкупно 241: 22 нови случаи на заболени со коронавирусот, 9 во Скопје

Редакција

Која е Калтрина Зеколи Шаќири, новата заменик министерка за транспорт и врски

Редакција