еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Во скопска Топана приведени две лица, запленети оружје и муниција во импровизирана работилница 

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција –  Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи  во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лишила од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, осомничени дека извршиле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција.

– Биле пронајдени шест ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, информира дека претрес бил извршен и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд  куќа во село Раштак, при што биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

А.Ј. и С.Ј. се приведени во пoлициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат во историјата на САД разрешен претседател на Претставничкиот дом

Редакција

„По Марко Поло да ги пратеа ќе стигнеа до сега“: Твитер реакции за кинеските вакцини

Редакција

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„, објави Телма

Редакција