еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Зеленски: „Одбраната на Киев е приоритет, ако го одбраниме срцето на Украина ќе ја одбраниме државата“

Одбарана на главниот град денеска е една од најважните приоритети на државата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото обраќање на Фејсбук

„Сите градови во Украина мора да направат се, за да го стопираат непријателот. Ако го заштитиме Киев, ќе ја заштитиме државата. Срцето на нашата држава.

Харков денеска е погоден со крстосувачки проектил на најголемиот плоштад во Европа. Плоштадот на слободата. Купишта жртви. Тоа е цената на слободата. Ова е терористички напад на градот, на лицетo на нашиот Харков.

На плоштадот не постојат воени цели. Околината е опколена со цивилни објекти, згради во кои живеат граѓани, а целта е централниот плоштад. Никој нема да Ви прости, никој нема да заборави.

Нападот врз Харков е воен криминал и тероризам од страна на Руската федерација. После овој напад, очигледно е дека Русија е терористичка земја.

Ги повикуваме сите државни во светот да одговорат ефикасно и да ја декларираат Русија како агресор.

Ќе побараме целосна одговорност за терористите пред меѓународните судови. Харков и Киев се најважните цели на Русија,“ изјави меѓудругото Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ќе падне ли Киев под опсада: Руски воен конвој, долг повеќе од 60 километри се движи кон главниот град на Украина

(Видео) Руски трупи влегоа во Харков, но украинските сили пружат отпор

Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет нови случаи на Ковид-19 од 1.749 тестирани, бројката на активни е 183

Редакција

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Редакција

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште девет

Редакција