еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Украина досега загинале најмалку 136 цивили, од кои 13 се деца

Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации.

– Вистинскиот биланс веројатно ќе биде многу поголем, изјави Лиз Тросел, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.

Таа додаде дека 253 од жртвите се во регионите Донецк и Луганск во источна Украина.

Светската програма за храна (СПХ) на ОН ги зголемува активностите во Украина, со цел да може да обезбеди 3,1 милиони лица, појасни портпаролот на СПХ, Томсон Фири.

– Залихите на храна се при крај, додаде Фири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ќе падне ли Киев под опсада: Руски воен конвој, долг повеќе од 60 километри се движи кон главниот град на Украина

(Вознемирувачко видео) За време на преговорите во Харков убиени девет цивили од кои три се деца

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.348 случаи на Ковид-19 од 3.996 тестови, 196 се реинфекции

Редакција

Сите детали за вакцината Спутник В со која ќе се вакцинираат и македонските граѓани

Редакција

(Видео) Македонците на улица: Се слави пласманот на Европското фудбалско првенство

Редакција