еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Зеленски во обраќањето во Советот на Европа: Благодарам за санкциите, но предоцна е, да не задоцневте, војна можеби немаше да има

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред членовите на Советот на Европа, рече дека доцнат со воведување на санкции кон Русија.

„Да беа санкциите превентивни, Русија можеби немаше да влезе во војната. Русија немаше да создаде криза со енергетиката. Сепак ќе имаше шанса. Руската армија не гледа што е чест и не знае што е свест. Не разбира зошто толку ја цениме нашата слобода, која одредува како ќе живее една земја“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Русија можеби немаше да влезе во војната ако знаеше дека ќе трае и притоа потенцира дека руската армија веќе уништила 230 училишта, 155 градинки и дека од почетокот на војната загинале 128 деца.

„Цели градови и села, претворени во пепел. Ништо не остана. Руската армија убиваше и новинари, иако ги гледаше со натпис „прес“. Можеби не ги научиле да читаат, туку само да убиваат“, рече Зеленски.

Тој го замоли Советот на Европа да не задоцнат со примањето на Украина како полноправна членка на Европска унија, а на унгарскиот премиер Виктор Орбан му порача што поскоро да се одлучи на чија страна се наоѓа и дали ќе пушта оружје низ Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски на обраќањето на Самитот во Брисел: После 1 месец војна, Ве молам никогаш да не ни кажете дека нашата војска не ги исполнува НАТО-стандардите, сите ве браниме

Градоначалникот на Чернихив објави видео: Гробишта се полни, ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници

Видео од улиците на украинскиот град Мариупол го покажува ужасот на војната

Фото/видео: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

103 нови случаи за 1 ден: Во Грција 331 случаи на коронавирусот

Редакција

Нема надзор во спроведувањето на законите, изразена корупција и во управувањето со државниот имот, велат од Антокорупциска

Редакција

Нови 316 случаи на Ковид-19 од 2.176 тестирања

Редакција