еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Знате ли што е ГМО храна и зошто е штетна?

Генетски модифицирано семе за ориз и ГМО шницли и трошки од соја завршија на македонскиот пазар и покрај тоа што според Законот за безбедност на храна, во Македонија е забранет увоз, производство и промет на храна и производи од храна која содржи ГМО (генетски модифицирани организми) или е составена од ГМО.

За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до пет илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

Како се добива ГМО храна?

ГМО храната се добива со вметнување на генетски материјал од еден вид на друг вид, преку генетски инженеринг, со што се овозможува пренесување на една карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство.

Така на пример, ген земен од поларна риба се вметнува во доматите и јаготките за да не замрзнат.

Што е генетски инженеринг?

Генетскиот инженеринг е револуционерна технологија со која се овозможува манипулација на гените.

Со него научниците пренесуваат еден ген (кој припаѓа на еден вид) на друг вид (кој е несроден), за да добијат ново својство преку генетскиот код.

Најдобар пример за ова се посевите со жито или пченка, кои се отпорни на вируси откако со генетски инженеринг им биле додадени вирусни гени.

Во светот со години се води жестока дебата за ГМО, а голем број научници сметаат дека ваквите генетски модифицирани производи се штетни за нашето здравје.

Производителите пак имаат друга математика.

Што предизвикуваат генетски модифицираните производи?

Генетски модифицираните производи предизвикуваат алергии, слабеење на имунитетот, лачат токсини и предизвикуваат сериозни оштетувања на самиот организам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Облачно и посвежо време денеска, со врнежи од дожд и снег на планините

Редакција

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Редакција

За викенд топло со температура до 20 степени

Редакција