еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов температура до 39 степени

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.

Викендов во некои делови од земјава температурата ќе достигне до 39 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, утре температурата ќе биде во интервал од 12 до 38 степени, в петок од 13 до 38, сабота од 14 до 39, в недела од 13 до 39, понеделник од 14 до 38 и во вторник од 13 до 37 степени Целзиусови.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензиска пумпа „Мира Петрол“: Твитерџиите мајтапџии за новото име на Градски стадион

Редакција

(Видео) Отворена албанофобија и навреди за Македонците од страна на бугарските навивачи

Редакција

(Фото) Штекли се пофали со раните од куршумите, ги има дури пет

Редакција