Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19.
Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба.
Инаку, денеска вкупната бројка на заразени е 225, од кои во Скопје има 96.
Зголемен број на заразени има во сите скопски општини, а зголемена е и бројката на хоспитализирани пациенти со Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96
Убава вест: Оздравени 96 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Починаа шест пациенти од Ковид-19, тројца од Скопје и по еден од Прилеп, Битола и Тетово
Детален преглед: Се зголемува бројот на примени пациенти со Ковид-19 по болниците