Витаминка АД Прилеп за периодот јануари – септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи за девет месеци од 2022 година изнесуваат 2.880.115 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2021 година бележат пораст од 35%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2021 година се повисоки за 34%.
Остварените единечни вкупни расходи во девет месеци од 2022 година изнесуваат 2.993.286 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2021 година бележат раст од 44%.
Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првите девет месеци од 2022 година.
Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 19.679 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е помала за 7%, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Витаминка со добивка во првите шест месеци
Екс директорот на УЈП, Горан Трајковски влезе во Одборот на директори на Витаминка